Здружението за заштита на правата на детето, невладина и непрофитна организација од самото свое формирање, 1998 година делува на полето на детските права на територија на цела Р. Македонија, се вклучува во кампањи, семинари, симпозиуми и иницира проекти од областа на социјалната заштита на правата на децата, малолетничката деликвенција итн. Исто така учествува со свои предлози и сугестии при донесувањето на измени и дополнувања на Законот за социјална заштита и Законот за семејство во делот на семејно насилство.
Основни принципи, задачи и цели на Здружението во третирањето на правата на детето се:
• имплементација на Конвенцијата за правата на детето во домашното законодавство и практика;
• подигање на свеста за правата на детето и создавање чувство на солидарност со децата од целиот свет;
• поттикнување и оценување на примената на правата на детето предвидени во меѓународното право, а особено правата предвидени со Конвенцијата за правата на детето;
• преземање активности за надминување на сосотојбата со непочитување или кршење на правата на детето;
• лобирање за измени и унапрeдување на легислативата од областа на правата на децата;
• oсновање и раководење со детски центри (Центар за детска правда, Центар за деца на улица) за унапредување и примена на ефикасни механизми за заштита на правата на детето во конкретни области и ситуацииа;
• Воочување на социјалните ризици и проблеми, по пат на анкетирање, разговори со децата и нивните родители, учителите, наставниците, клучните луѓе во заедницата;
• Јакнење на децата, младите и нивните родители со едукација и развој на социјални вештини;
• Работа во заедницата и анимирање на субјектите училиште, локална самоуправа и сл. за значењето на формалното образование како основ за вработување како и работа со група на младинци за нивна сензибилизација и подигање на нивната информираност за можноста за вклучување во мерките и активностите и нивно запознавање со програмите на Владата за вработување;
Центар за детска правда
- Целта на Центарот за детска правда
- Има ли живот по затворањетo
- Правата на детето и малолетничката правда
- СТОП за злоупотреба на децата во текот на изборната кампања
- Анализа на злоупотребата на детскиот труд во западноевропските држави
- Проценка на состојбата на сексуалната злоупотреба на децата во воспитно-поправните установи
- Едукација на децата за заштита на нивните права
- Психо-социјална интеграција на децата со оштетен вид
Твоите права
Право на заштита против дискриминација.![]()
